Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз во Суперлигата одкако вчера загубија од Работнички со резултат 87-69.
Домаќинот на овој дуел воспостави резултатска предност уште на самиот почеток на мечот, што беше недостижна за Куманово до самиот крај.
Минатогодишниот центар на Куманово, Ненад Мишановиќ постигна 29 поени и 11 скока со што беше најдобар поединец на мечот.
За Куманово Марјан Јаневски постигна 23 поени и 9 скока.
Следното коло Куманово игра против Карпош Соколи на домашен терен.