Радуљица заминува во Кина
19.09.2014 09:04
| KumanovoNews
Репрезентативецот на Србија, Мирослав Радуљица по одличните игри прикажани на Мундобаскетот, кариерата ја продолжува во Кина.

„Мирослам“ ја прифати богатата понуда на Шандонг од два милиони долари. Голема предност е и тоа што кинеското првенство завршува во февруари, така да потоа може да се врати во некој од Европските клубови и да игра Топ16, или да отиде во НБА каде што ќе биде завршница на сезоната и почеток на Плеј-оф.
Според медиумите, Радуљица имал понуди од Реал Мадрид, Сан Антонио и Филаделфија.