×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рафаел Надал полека се искачува на врвот

    12.06.2012 14:05 | KumanovoNews

    Од денес официјално започнуваат тениските турнири кои ќе се играат на трева. Овој дел од тениската сезона треба да кулминира од 25 јуни до 8 јули кога ќе се игра најважниот Гренд Слем – Вимблдон.

    Рафаел Надал полека се искачува на врвот

    Овој период е еден од најпроблематичните за Надал. Иако го има освоено Вимблдон два пати во 2008 и 2010 година тој твдри дека има големи потешкотии кога игра на терените покриени со трева.

    За жал почнува сезоната на трева. Тоа не е мојата омилена подлога, во тоа е проблемот- изјавил Рафаел Надал.

    Во продолжение тој се наврати на финалето во Париз кое заврши вчера и истакна дека воопшто не спиел ноќта кога финалето било прекинато.

    Бев нервозен, многу повеќе отколку што сум пред некое финале. Цела ситуација создаваше немир во мене пред продолжувањето на мечот. Сепак, сметам дека психолошкиот аспект на мојата игра на земја е од пресудно значење. Играњето на таа подлога бара многу. Треба многу да се трча и многу да се размислува- призна Надал

    Тој влезе во историјата со тоа што го освои Роланд Гарос по седми пати и со тоа го надмина Бјорн Борг кој има една титула помалку.

    Надал е апсолутно најдобар тенисер на земја во историјата- изјави Матс Виландер.

    После историскиот низ, Новак Ѓоковиќ минатата година направи голема предност пред Рафаел Надал која на моменти изнесуваше и над 4000 поени, но со одличните игри од февруари па наваму, Рафаел Надал ја преполови разликата и таа на новобјавената АТП листа изнесува 2200 поени.

    На новата АТП листа Србинот има 12.280 поени, додека Шпанецот има 10.060 поени. Но она што е важно е тоа што Новак Ѓоковиќ во наредните три месеци брани многу поени помеѓу кои и титулите во Вимблдон и УС Опен, Монтреал и финале во Синсинати или вкупно 5600 поени.

    Додека Надал брани дупло помалку, околу 2500, поради тоа што минатата година губеше во финалните натпревари во Њујорк и Лондон, но доживеа и рани елиминации во Синсинати и Монтреал што му ги подгрева надежите дека во летниот период може да го врати врвот.

    Но не се врти се околу овие двајца тенисери. Тука е и Рожер Федерер кој има 3000 поени помалку од Ѓоковиќ. И Швајцарецот исто така нема голем товар на плеќите и може значително да напредува на листата. Тој брани околу пет пати помалку поени од Србинот.

    После летните возбудувања, во кои е вклучена и Олимпијадата, ќе се дознае дали Надал може да го врати тронот или пак Ѓоковиќ ќе го продолжи престојот на тенискиот трон.