Ракомет: Започнува натпреварувањето во женската прва лига
03.10.2014 09:00
| KumanovoNews
Првиот натпревар во првата македонска лига ракометарките на Куманово ќе \nго одиграат утре на домашен терен против екипата на ЖРК Кичево 2010.

Со цел по повеќе од 6 децении успешно постоење да не згасне најконстантниот спортски колектив во општината заедно со градоначалникот се донесе одлука во која ракометарките на Куманово ќе се натпреварува со три екипи и тоа сениорска, младинска и пионерска лига-изјавија од клубот.
Следниот викенд започнуваат и натпреварувањата во останатите две категории.
Натпреварот започнува во 15.30 часот во Спортската сала во Куманово