Ракометарите ќе играат со првопласираната екипа на Астарион
        04.12.2019 10:01
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во рамките на дванаесетото коло од Првата машка лига, денеска со почеток во 19:00 часот, ракометарите на Куманово на гостински терен ќе играат против екипата на Астарион.
                  Во претходниот натпревар МРК Куманово постигна убедлива победа со резултат 37:21, откако ја совлада екипата на Риниа, а Деноковски успеа да даде дури 19 гола.
Во моментот Астарион се наоѓа на првото место на табелата, со што нашите ракометари ги очекува посериозен натпревар.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



