Ракометарите гостуваат во Штип
09.10.2015 09:26
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во недела и гостуваат на екипата на Текстилец од Штип.

По три одиграни кола кумановчани имаат резултат од два пораза и еден нерешен резултат. Ракометарите сеуште ја чекаат првата победа, а тоа ги сместува на 11.позиција на табелата.
Текстилец е нешто подобар од Куманово. Тие досега забележаа една победа и два пораза, па со три бода се на осмата позиција.
Натпреварот се игра во недела во 14 часот.