Ракометарите нерешено против Мaкедонија ЃП, Куманово надвор од списокот за плеј-оф
24.12.2019 11:27
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово, во шеснаесетото коло од Првата машка лига, одиграа нерешено против екипата на Македонијa ЃП, со што Куманово ја игуби можноста за пласирање во Плеј оф лигата. Натпреварот заврши со резултат 29:29.

Во текот на играта кумановските ракометари постојано беа во водство, со што Куманово на почетокот започна и со убедлива игра со 4:1, а првото полувреме го заврши со резултат 16:14. Меѓутоа, екипата на Македонија Ѓорче Петров успеа да изедначи при крајот на натпреварот.
Во екипата на Куманово најмногу гола постигна Андреј Миладиновски - 9 и Милан Стошиќ 6 гола.