Планирани прекини на електричната енергија во Куманово
28.09.2026 08:17
| Сузана Николиќ
Повеќе населени места и делови од Куманово денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Денеска, 28 септември, во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без напојување ќе биде село Стрезовце.
Во населбата Иго Тричковиќ, рекин на електричната енергија ќе има од 08:30 до 14:00 часот. Без напојување ќе бидат објектите под и зад училиштето.
На 1 октомври, од 10:30 до 12:15 часот, планиран е прекин на електричната енергија во дел од Бабин Дол, населбата Доброшане со индустрискиот дел, населбата Вера Которка, селата Проевце, Шупли Камен и Орашац, како и населбата Зелен Рид.
Прекините се планирани поради интервенции на електродистрибутивната мрежа.