×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите ни малку не ги потценуваат Австријците

    07.06.2012 19:24 | KumanovoNews

    Македонските ракометари во позитивна атмосфера го очекуваат првиот натпревар од бараж пресметката со Австрија за пласман на СП 2013 во Шпанија кој во сабота од 16.30 часот не очекува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Ракометарите ни малку не ги потценуваат Австријците

    Силна е вербата во наш пласман на Мундијалот по двата бараж дуели со Австријците иако репрезентативците потенцираат дека не смее да има опуштање ниту момент во текот на сите 120 минути, затоа што играме против ни малку наивен противник.

    На ваквите бараж натпревари нема изразит фаворит. Токму затоа мора максимално сериозно да му пристапиме на дуелот од кој треба точно да знаеме што сакаме. Без залетување, но со силна верва во нашите квалитети треба трпеливо да се одиграат двата натпревари со Австрија – вели најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, кој веќе активно се приклучи на тренинзите на тимот.

    Австрија не е наивен противник. Иако имаат ’тенка’ клупа имаат квалитетна прва постава. Ние ако сакаме пласман на СП треба еднакво квалитетно да ги одиграме двете средби. Свесни сме дека во Австрија ќе се одлучува патникот за Шпанија, иако би било добро во Скопје да извлечеме триумф со најмалку 4-5 гола разлика – вели креаторот на играта, Наумче Мојсовски.