×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фудбалерите, ракометарките и кошаркарите на МКК славеа победи

    20.11.2023 11:31 | Оливера Пешевска

    Екипите на  ЖРК Куманово, ГФК Куманово и МКК Куманово, славеа победи, додека останатите три екипи на МРК Куманово, КК Куманово 2009 и ЖКК Куманово претрпеа пораз.

    Фудбалерите, ракометарките и кошаркарите на МКК славеа победи

    Голманката Симона Грујовска со 20 одбрани беше најзаслужна за победата на гостувањето на ЖРК Куманово во Битола, против Пелистер. Со резултат од 15:23 во деветотто коло, куманоки се вратија по минатонеделниот пораз од Чаир. Најдобри стрелци на ракометниот клуб Куманово беа Зечевиќ со седум и Ѓошевска со пет гола. Моментално ЖРК Куманово се наоѓа на 5-то место на табелата, со 7 победи и 2 порази од почетокот на првенството.

    Кошаркарските второлигаши потполно очекувано во седмото коло- МКК Куманово со победата во Прилеп, е лидер на табелата, со победничка серија 7 од 7 натпревари. Мечот помеѓу МКК Куманово против КК Мега Баскет Прилеп заврши со резултат од 71:93,и се засврстува на првата позиција која гарантира влез во првата лига во следното првенство.

    ГФК Куманово повторно оствари победа и ја зацрвсти првата позицијата во Третатта фудбалска лига Север. Со резултат од 0:2 ја совладаа екипата на ФК Беса Влазрими,и тоа двата гола дадени во последните 20 минути од натпреварот.

    МРК Куманово пак доживеа убедлив пораз во 11-то коло на Супер лигата. Натпреварот против Тиквеш заврши со 16 гола разлика, конечен резултат 37:21. Клубот е на последното место на суперлигашката табела со еден нерешен резултат и дест порази.

    Тимот на КК Куманово 2009 без пружање на многу отпор на домашен терен загуби од екипата на Борец Баскет од Велес,со конечни 63:39.

    ЖКК Куманово на гостувањето во Македонска Каменица загуби од екипата на ЖКК Баскет Кам со 85:70.

    (фото. архива)