Ракометарките го дочекуваат Вардар, ракометарите гостуваат на Тинекс Пролет
28.04.2012 10:28
| KumanovoNews
Женската екипа на ракометниот клуб Куманово, утре во 12 часот ја пречекува екипата на Вардар од Скопје. Ракометарките ќе се потрудат да ги задржат бодовите во Куманово, иако Вардар е противник кој е доста квалитетен и искусен.

Ракометарите на Куманово денеска во Скопје ќе се сретнат со екипата на Тинекс Пролет. Нашиот клуб ќе се обиде да оствари што подобар резултат со цел пласман на повисока позиција на табелата. Натпреварот денеска започнува во 19 часот.