Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Големиот должник на тимот на ЖРК Куманово, екипата на Ѓорче, во недела им гостува на ракометарките на Куманово.
Покрај Вардар и Металург, Ѓорче е единствената екипа која успеја да извојува победа во досегашниот дел од сезоната против тимот на ЖРК Куманово. Тој натпревар заврши со 29-23 што од оваа перспектива е вистинско изненадување. Екипата на Ѓорче до сега забележа уште една победа, а има еден нерешен резултат и четири порази на своето конто. Со седум бода тие ја завземаат петтата позиција на табелата. Куманово успеја да запише победа против сите останати екипи од „долниот“ дел од табелата, па очекуваме одличен натпревар во недела и нова победа на ракометарките.
Натпреварот се игра во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош во недела со почеток во 16:30.