×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарките на Куманово излегуваат на Европски терен

    21.05.2012 14:44 | KumanovoNews

    Во недела нашите ракометарки на гостински терен беа поразени од екипата на Жито Прилеп со резултат 36:31.

    Ракометарките на Куманово излегуваат на Европски терен

    Првото полувреме од плеф-оф натпреварот заврши со резултат 22:14.

    Со ова последно натпреварување завршува и женската плеј-оф лига и Куманово застанува на 5. место.

    Особено важен натпревар за нас беше дуелот помеѓу Металург и Гевгелија кој заврши нерешено (24:24) каде двете екипи си ги поделија поените, со што Куманово да застане на 5. место, место кое води во Европа.

    Како што вели табелата со ова веќе утврдено 5.место ние станавме дел од Европа, ќе играме Европски натпреварувања и ќе покажеме дека Куманово знае да игра со срце- изјави Миодраг Јовановски-Црни, тренер на екипата.