Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово го доживејаа првиот пораз во домашното првенство, одкако на домашен терен загубија од екипата на Вардар Јуниор.
Кумановчанки не успејаа да ја продолжат победничката серија и да останат непоразени, а забелешка имаат и на судиските одлуки кои одат директно на штета на ЖРК Куманово. Тимот на Вардар направи разлика уште на почетокот на мечот и на полувреме имаше предност од 12:19, а конечен резултат на мечот беше 27:32.
Бранкица Марковиќ и Александра Боризовска постигнаа по седум гола за тимот на ЖРК Куманово. Во гостинскиот тим Маја Трпковска постигна шест гола.
Со овој пораз Куманово ја завзема третата позиција, веднаш зад екипите на Вардар и Металург. Следниот натпревар Куманово го игра против екипата на Ѓорче.
Пионерскиот состав на ЖРК Куманово останува непоразен во првенството одкако во третото коло беше поуспешен од тимот на Кожувчанка со резултат 6:15. М.Трајковиќ беше најефикасна на тој натпревар со постигнати шест гола.