Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Давид Димевски (19) ракометар на РК „Куманово“, со младинската репрезентација на Македонија, следната недела ќе игра два пријателски натпревари во Олецко, Полска.
Репрезентацијата на 13 март ќе игра против домаќинот Полска, а на 14-ти против Алжир.
„Тој е стандарден репрезентативец, со талентот и играта што ја прикажува не се сомневаме дека ќе заигра и за сениорскиот национален тим. Веруваме дека ќе остави впечаток и учинок во играта, тој е еден од најдобрите во МРК Куманово. Горди сме што наше дете, израснато во Куманово успешно се претставува на меѓународната сцена“, истакна Драги Јовановски Црни.
Собирот на репрезенатцијата е на 10 март понеделник.
Натпреварите се организирани во рамките на Европската недела на ракометот, а освен младинските играат сите останати возрасни категории и во машка и во женска конкуренција. Традиционално се организираат две ракометни недели годишно, едната во март, втората во октомври. Следната недела се играат пријателски натревари, но сениорската репрезентација игра квалификациски меч за наредното Европско првенство.