Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките од третата фаза во БИБЛ лигата, екипата на Куманово забележа пораз од тимот на Рилски Спортист со резултат 97-85.
Големиот број на поени кои ги прими Куманово во првото полувреме е веројатно една од причините за поразот на гостувањето во Бугарија. На крајот на првото полувреме Куманово губеше со резултат 62-49, а во продолжение од мечот, успеја да смали само еден поен од големата предност.
Костовски постигна 33 поени, Мандиќ 18 и Луковиќ го заврши натпреварот со 12 поени. Кај домаќинот Вернон Тејлор постигна 32 опени а Јордан Божов го заврши натпреварот со 17 поени.
На натпреварот не настапи Димитар Краџовски.
Куманово влегува во тешка серија на натпревари. Овој викенд во Спортската сала гостува големиот ривал Работнички од Скопје.