Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со денешниот натпревар помеѓу Морнар и Пеќ, заврши втората фаза од БИБЛ лигата. Куманово ќе игра против Рилски Спортист за пласман во полуфиналнале.
Во директна борба за втората позиција, вчера се одигра натпреварот помеѓу Сигал Приштина и Рилски Спортист. Тимот од Косово беше доминантен, победувајки со резултат 94-71.
Со овој натпревар беше позната состојбата во групата Д, каде што Кожув директно се пласираше во полуфинале, а Сигал Приштина и Рилски Спортист ќе играат во Третата фаза.
Тимот на Морнар неуспеја да направи изненадување кое би му донело на Куманово лидерска позиција на табелата. Пеќ победи во Бар со резултат 72-65 и ја завзема првата позиција на табелата. Куманово е втор а Крајова е трета на табелата.
Третата фаза е квалификациски дел за полуфинале, во кој второ и третопласираниот од групата Ц и Д играат меѓусебе. Сигал Приштина за противник ја добива Крајова, додека Куманово ќе игра против екипата на Рилски Спортист.
Оваа сезона овие два тима беа во првата група, каде што Куманово забележа две победи против тимот од Бугарија. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи ќе се игра на 10.март во арената Самоков, додека реванш натпреварот ќе се игра во Куманово.
Доколку Куманово успее да извојува победа во овој двомеч, полуфиналниот натпревар ќе го игра против екипата на Пеќ.