Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб Хазена - Металург, учествуваше на новогодишен мини ракометен турнир во организација на ракометната академија Металург од Скопје.
Кумановската филијала на Металург учествуваше со две машки екипи и една женска екипа, членови родени 2004/2005 година.
Женскиот тим освои четврто место на турнирот, а машките екипи завршија како второ односно третопласирани во групата.
Сакаме да им се заблагодариме на сите дечиња кои учествуваа, на нивната огромна борбеност и желба за победа - изјавија од клубот Хазена.