Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб Карпош успешно функционира во рамките на ракометната академија на клубот Вардар. На вчерашниот тренинг, беше поделена опрема за сите ракометари на клубот.
Денеска членовите од мини групата ја добија својата опрема. Секој член на РК Карпош денеска доби топка, дрес, шорцеви, маица за тренинг и членска карта од РК Вардар - изјави Миодраг Јовановски - Црни, тренер во РК Карпош.
Јовановски додаде дека академијата на Вардар им има обезбедено додатни реквизити за тренинг како што се јаше, хулахоп, маркери, сталки, морски скали, тешки топки од по 600 грама со кој можат да обезбедат квалитетен тренинг за своите членови.
Ракометната академија на Вардар организира меѓународен турнир во кој ќе земат учество сите регионални центри на Вардар, а ќе бидат опфатени „мини-хандбал“ и сите останати младински категории.
Турнирот ќе се одржи од 16.до 18 јануари, а ние пријавивме кадетска и „мини-хандбал“ екипа. Турнирот за најмалите ќе се одржи во еден ден, а кадетите ќе престојуваат три дена и ќе се сместени во хотел Континентал и хотел Плаза. За учество на турнирот ќе се партиципира, а секој учесник ќе добие „Хумел“ тренерки - заклучи Јовановски.
Сите оние кои сакаат да се приклучан на тренинзите на РК Карпош можат да се јават на 078/649-977, или на фејсбук страната на РК Карпош.