Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последниот викенд од месец септември на Градски кеј ќе се одржи хуманитарен тениски турнир во организација на Ротари клуб Куманово и тениски клуб “Куманово“.
На турнирот ќе учествуваат околу 50 млади тенисери од повеќе градови во земјава.
“Традиционалниот турнир е закажан за 26,27 и 28 септември. Средствата собрани од котизација од учесниците ќе бидат употребени за помош на “Порака наша““ - вели Бранко Зафировски, претседател на Роари клуб Куманово.
Турнирот лани се одржа за прв пат и средствата и тогаш беа наменети за лицата со посебни потреби од “Порака наша“.