Сакраменто го повлекува дресот со број 16 на Стојаковиќ
17.09.2014 09:56
| KumanovoNews
НБА тимот, Сакраменто Кингс денеска објави дека го повлекуваат од употреба дресот на Предраг Стојаковиќ.

Церемонијата ќе се одржи на 16.декември, на мечот на Сакраменто - Оклахома.
Стојаковиќ учестуваше во креирање на глобална слика на Сакраменто. Неговите лидерски способности се познати низ нашиот град, а ова ќе биде посебен момент за клубот и навивачите, како и голем потсетник на времето и успехот на Сакраменто - изјави сопственикот Вивек Ренадив.
Стојаковиќ играше за Сакраменто од 1998 до 2006 година, а НБА прстен освои со тимот на Далас во 2011 година.