Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот репрезентативец на Србија, Саша Аврамовиќ е нов член на тимот на КК Куманово.
Аврамовиќ доаѓа од тимот на Мега Визура. Тој е има 21 година и игра на позициите организатор на играта или бек шутер. Минатата сезона играше за тимот на Мега Визура, каде што за десетина минути во просек, постигнуваше 5 поени и 2 скока по натпревар.
Тој во 2010 година ги има освоено младинските олимписки игри со репрезентацијата на Србија.
Со овој трансфер, би требало да биде комплетиран составот на Куманово за оваа сезона. Домашното првенство започнува на 11.Октомври.