×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал - обезбедена помош за 4 семејства

    04.08.2022 22:45 | Сузана Николиќ

    Хуманитарен турнир во мал фудбал „Соколана 2022“ се одржа минатата недела на терените на спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово, во организација на Филип Трајковски и „Фондацијата Дарио Петровски“, а со поддршка на повеќе општински и приватни претпријатија, како и поединци.

    Се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал - обезбедена помош за 4 семејства

    Средствата коишто се обезбедени на турнирот ќе бидат донирани на 3 кумановски и едно битолско семејство, кои имаат сериозни финансиски проблеми.

    „Станува збор за семејства кои се наоѓаат во незавидна финансиска и егзистенцијална состојба, тие ќе добијат помош во вид на бела техника, облека, храна и градежен материјал за попрвака на живеалиште пред почетокот на зимаската сезона“, вели Трајковски, кој додава дека добил голема поддршка од кумановци за реализирање на оваа хуманитарна акција.

    Во организација на турнирот помогнале Општинскиот сојуз на спортови и Фондацијата за култура и спорт, а учествувале младите сили на фудбалските клубови Куманово, Милано и Башкими, како и нивните ветерани.

    Турнирот се организира по втор пат, минатата година се одржал заради обезбедување на помош на Центарот за лица со попреченост „Порака Наша“.