Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Меѓународниот фудбалски турнир за фудбалери до 13 години, кој викендов се одржа во Куманово, Сергеј Цветковски од „Еуроспорт Куманово“ беше прогласен за најдобриот голман на манифестацијата. На турнирот победи екипата на „Црвена звезда“ од Белград, а домаќините од „Еуроспорт“ освоија трето место.
Турнирот се одржа по повод 20-тиот роденден на фудбалската школа „Еуроспорт“.
„За најдобар голман на турнирот беше прогласен Сергеј Цветковски од ФК „Еуроспорт“, најдобар стрелец е Тијаго Лопез од „Депортиво ла Коруња“ а најдобар играч на турнирот беше избран Матија Живановиќ, играч на ФК Црвена Звезда“, истакна Александар Маневски, претседател на клубот.
На турнирот настапија екипите: Депортиво Ла Коруња од Шпанија, Црвена Звезда од Србија, Бершот од Белгија, Бриње од Словенија, Сараево од Босна и Херцеговина, КХС од Малта, ЦСКА Софија од Бугарија како и локалните фудбалери на Еуроспорт.
Натпреварите се играле на терените на ФК „Речица“ , а за се да помине во најдобар ред заслужна била професионалната организација на тридневниот настан.
Стручниот штаб е особено фокусиран на афирмација на локалните фудбалски таленти. Во октомври минатата година тројца млади фудбалери од „Еуроспорт“ во тек на една недела тренираа и одиграа неколку пријателски натпревари за тимот на „Црвен звезда“ во Белград. Се работи за Сергеј Цветковски (10 години) еден од најдобрите голмани во Македонија, Лазар Маневски ( 10) талентиран крилен напаѓач и Димитриј Димитриевски, напаѓач, кој иако има само 6 години остава одличен впечаток каде и да настапува.