Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ана и Сара Стојановски од Пингпонгарскиот клуб „Крива Паланка“ се најдобри сениорки на Меѓунарониот турнир, што се одржа на 8 и 9 јануари во Алексинац, Србија.
Ана Стојановска е добитник на златниот пехар и првото место во категоријата сениорки, а нејзината помала сестра Сара Стојановска го освои второто место во оваа категорија.
Истовремено, Ана Стојановска се закити и со сребрен медал во категоријата јуниорки, а Александар Јакимовски од Кривопаланечкиот пингпонгарски клуб го освои второто место во категоријата кадети.
Сестрите Ана и Сара Стојановски, иако млади, се талентирани и меѓу најуспешните пингпонгарки, кои досега имаат освоено многу титули на бројните натпревари.
Ана беше наградена со трето место екипно на најмасовното натпреварување во регионот-Новогодишниот турнир во Нови Сад, а три пати по ред е ишампион на сите средни училишта во Македонија. Таа е и државна првенка во пинг-понг до 18 и до 21 година, а истовремено е победник и на ТОП 8 и на Телеком Мастерс турнирот.
Помалата Сара успешно ја следи својата сестра и поча да и се доближува по успесите, па веќе започнаа да се јавуваат и како меѓусебни ривалки на натпреварувањата. Од минатата сезона Сара е третопласирана на Државното првенство до 18 години, а заедно со ППК „Крива Паланка“ оваа сезона ги одбрани минатогодишните златни медали во јуниорската лига.