Сите комбинации за Куманово во БИБЛ лигата
Оваа недела се игра последното коло од првата фаза во БИБЛ лигата. Кошаркарите на Куманово играат против Рилски Спортист, а поразот од Теодо го закомплицира позицијата на Куманово во следната фаза.

Екипата која ќе заврши прва и четврта од групата А, и втора и трета од групата Б ќе ја формираат групата Ц.
Групата Д ќе е составена од првиот и четвртиот до групата Б, и вториот и третиот од групата А.
Битен фактор е што екипите ќе го пренесат скорот победи и порази со екипта со која играле во иста група. На Куманово
Опција 1: Победа на Теодо и Рилски Спортист
Без разлика на исходот на Куманово против Рилски, доколку тимот на Теодо извојува победа во црногорското дерби против Сутјеска, тогаш Куманово ќе се наптреварува во следната фаза со Рилски Спортист. Рилски ќе биде прв на табелата, Пеќ втор, Теодо трет и Куманово би бил четврти. Куманово ќе влезе со 1-1 скор.
Опција 2: Победи на Теодо и Куманово
Во овој случај Куманово ќе биде на првата позција, а потоа следуваат Рислки Спортист, Теодо и Пеќ. Куманово ќе влезе со Пеќ во новата група и со 0-2 скор.
Опција 3: Победи на Сутјеска и Рилски Спортист
Во овој случај Рилски ќе биде прв, а Куманово би завршил на четвртата позиција. Куманово ќе влезе со Рилски Спортист и 1-1 скор.
Опција 4: Победа на Сутјеска и Куманово
Куманово би завршиле на првата позција на табелата, Рилски Спортист ќе е втор, Сутјеска трета и Пеќ ќе биде четврти. Куманово ќе влезе со 0-2 скор, и повторно ќе е со Пеќ во новата група.
Ситуацијата е позната во Групата Б, каде што се наоѓаат двата следни противници на Куманово. Таму Кожув е сеуште без пораз, а од втората до четвртата позција ќе се борат Сигал Приштина, Морнар и Крајова.