×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сите странци на КК Куманово 2009

    13.02.2015 13:21 | KumanovoNews

    Во модерната кошарка, странските кошаркари се дел од секој тим кој бара побрз успех. Нивната примарна задача е да донесат додатен квалитет на позициите кои играат, но неретко се и промашени инвестиции. Ова се сите странски кошаркари кои настапувале за КК Куманово 2009.

    Сите странци на КК Куманово 2009

    Кошаркарскиот клуб Куманово е рефомиран 2009 година и започна со настап во Втората кошаркарска лига. Припремите ги започнаа 18 кошаркари, сите кумановци од кои денеска играат само Милош Нинковиќ и Кристијан Маневиќ. Горан Димитрјевиќ беше тренер на клубот и најзаслужен за неговото реформирање. Со скор од 25 победи и 5 пораза, Куманово 2009 како првопласирано обезбеди пласман во Првата кошаркарска лига по речиси една деценија пауза.

    Сезоната 2010/2011 беше и најуспешната сезона на Куманово, кога се работи за кумановските кошаркари. Скоро истата екипа која го внесе тимот во Прва лига, засилена со 4 странски кошаркари за влакно не се пласираше во Супер лигата. Антевски Мартин, Атанасовски Мартин, Димковски Далибор, Ѓорѓиевски Игор, Маневиќ Кристијан, Тодоровиќ Филип, Нинковиќ Милош и Златковски Бојан ги добија Калов, Станимировиќ и Милановски Даниел како домашни засилувања, а подоцна и следните странски играчи.

    Никола Радојичиќ: Кошаркар кој одигра само 7 натпревари за тимот на Куманово по што беше заменет со Ивица Вукотиќ. Играше на позицијата плејмејкер и покажуваше одлична борбеност и талент. Негов последен клуб е Дзукија од Литванија во 2013 година, а летоска одекна веста дека е фатен како шверцувал кокаин во Перу.

    Ивица Вукотиќ: Кошаркар кој дојде на местото на Радојичиќ. Постигнуваше 8,6 поени по натпревар, меѓутоа тоа беше истрошен кошаркар на залезот на кариерата. Две години подоцна ја завршува својата кариера во тимот Плана од БиХ.

    Дарко Матиќ: Еден од кошаркарите со скок-шут за кошаркарските книги. Играч кој ја палеше атмосферата во Спортската сала во Куманово и успеја да постигне 359 поени(најмногу во целата лига, за таа сезона). Во 16 натпревари од 82 обиди за три поени, 35 пати беше прецизен, што се одлични 43% успешност. Следната сезона не ја добива шансата што ја заслужува по што следуваше и негов пад, по што го напушти клубот. Сега настапува за тимот на Плана, во втората српска лига.

    Дејан Микиќ: Микиќ беше еден од оние кошаркари кои секогаш ја имаа подршката на публиката, и најдолго се задржа во тимот. Првиот дел од престојот во Куманово го играше со вишок на килограми, но кога се кршеше натпреварот тој ја добиваше топката во своите раце што зборува за неспортниот кошаркарски талент кој го поседува. Наредната сезона повторно го гледавме во дресот на Куманово каде што имаше најмногу офанзивни скокови(3,2 во просек) и реализација за два поена од 63,5%. Третата сезона во Куманово паѓа во сенка на Урош Луковиќ, со што се намалуваат и неговите бројки во статистиката. Сега, тој настапува во Челик, Босна и Херцеговина.

    Ратко Петриќ: Овој кошаркар беше прв центар во првата сезона на КК Куманово. Негов пех беше тешката повреда на коленото. Денеска тој настапува за Слобода Тузла во Босна и Херцеговина.

    Ивица Благоевиќ: Кошаркар што ја заврши својата кариера во КК Куманово. Пристигна на самиот крај од сезоната и одигра само еден натпревар за Куманово.

    Сезоната 2011/2012 на тренерското место седнува Љубисав Луковиќ. Со неговото доаѓање пристигнуваат  Марјан Младеновиќ, Александар Костовски, Петар Виларов, Мирослав Петровиќ и Марјан Јаневски. Маневиќ, Шаботиќ и Ѓорѓиевски се единствените кумановци кои остануваат во тимот. Тука се Матиќ и Микиќ а пристигнуваат и следните странци:

    Немања Јелисијевиќ: Во новата сезона пристигна како замена за Ратко Петриќ од тимот на Торус. Играше на позицијата центар и беше МВП во домашното првенство со 22,2 индексни поени во просек. Со добрите игри, стигна и понудата од Работнички некаде на средината на сезоната по што го облече дресот на тимот од Градски парк, а на негово место пристигна Урош Луковиќ. Постигнуваше 17,9 поени што го смести на втората позиција на поени по натпревар во првенството и 1,1 блокада по натпревар. Сега игра за тимот на Гимле во Норвешка.

    Милан Јањушевиќ: Бекот на Куманово пристигна предходната сезона заедно со Јелисијевиќ во која одигра еден натпревар од Плеј-аут лигата. Во следната сезона беше еден од носителите на играта на Куманово. Јањушевиќ постигна 367 поени во 24 натпревари или 15,3 поени по натпревар, што беше петти најдобар просек во првенството. Јањушевиќ оваа сезона настапува за Кожув.

    Филип Брукс: Првото американско засилување во новата историја на клубот. Брукс беше типичен американски плејмејкер, кој дефинитивно остана како миленик на кумановската публика. После одличните игри во Струмица каде имаше партии со по 40 поени, неговиот престој во Куманово не помина како што се очекуваше.

    Куманово имаше пет странци во тимот, иако правилата во таа сезона дозволуваа само четири странци во екипата. Брукс секогаш некако испаѓаше од комбинација, а и во натпреварите кои играше ја немаше самодовербата која му е потребна.

    Урош Луковиќ: Одкако дојде како замена за Јелисијевиќ најави дека нема да биде бледа сенка на најдобриот центар таа сезона во првенството. Освен физичките предиспозиции кои се неспорни во негов случај, неговиот начин на игра е многу сличен на југословенски центри кои играле во осумдесетите и деведесетите години. Првите две сезони имаше слични бројки од 15 поени и 10 скока во просек по што следуваше трансфер во Тарту. После неколку месеци се врати во Куманово каде ја доигра сезоната. Оваа година започна во Кожув, по што на средината од сезоната повторно се врати во Куманово. Оваа сезона забележува 17 поени и 9 скока во просек.

    После големиот број странски играчи, во сезоната 2012/2013 тимот се свртува кон домашниот пазар на играчи по што пристигнуваат Ивица Димчевски и Владимир Георгиевски. Тимот беше релативно оформен а покрај Микиќ и Луковиќ, од странските играчи доаѓаат само Голубовиќ и Инграм. Таа сезона Куманово играше на завршниот турнир во БИБЛ лигата.

    Мико Голубовиќ: Играч висок 206 центиметри кој игра на позицијата центар. Црногорецот не остави посебен траг во Куманово, а оваа сезона игра за тимот на Гоце Делчев Штип.

    Ентони Ли Инграм: Американското крило сигурно спаѓа во групата на најквалитетни играчи кои настапувале за Куманово. Таа сезона тимот за прв пат започна да се натпреварува во БИБЛ лигата каде што тимот учестуваше на фајнл-фор турнирот и го завзема четвртото место. За Куманово одигра 9 меча во кои постигнуваше 15 поени и 6 скока по натпревар. Оваа сеозна настапува во втората германска кошаркарска лига во тимот на Баунах.

    Во сезоната 2013/2014, Горан Димитријевиќ повторно го превзема клубот по што пристигнуваат и нови странски кошаркари. На половина од сезоната е сменет и повторно пристигнува Љубисав Луковиќ. Играчите кои минатата сезона играа за Куманово се следните:

    Марино Шарлија: По заминувањето на Луковиќ, Шарлија беше опцијата на центарската позиција. Сепак тој не успеја да ги оправда очекувањата а често проблем имаше и со повредите. Брзото враќање на Урош Луковиќ резултираше со заминувањето на Шарлија, кој денеска игра за тимот на Загреб.

    Ројс Паран: По одличните партии во Данловград, во Куманово пристигна Американецот Ројс Паран. Плејмејкерот со висина од 175 центиметри беше вистинска атракција како на теренот така и надвор од него. Заразлика од Брукс, овој пат Паран имаше солидна минутажа иако и оваа сеозна постоеше проблем со правилото од максимум четири странци на теренот. Денеска игра во белгиското првенство за екипата на Белфиус Монс-Хаинаут, а во Куманово забележуваше по 12 поени и 5 асистенции во просек.

    Иван Мишковиќ: Позицијата на крилен центар беше испразнета одкако Микиќ по три сезони замина од клубот. Иван Мишковиќ беше кошаркарот кој како целосна спротивност на Микиќ, требаше да ја пополни позицијата 4. Неговиот атлетизам носеше доста скокови и контранапади на тимот на Куманово. Тренерската смена во Куманово таа сезона донесе и намалување на минутите на Мишковиќ кој замина по една сезона во Куманово. Преку дански Рандерс, сега пристигна во романскиот Тимба Тимис.

    Немања Врањеш: Оваа сеозна имавме прилика да го видиме Врањеш повторно во Спортската сала, како плејмејкер на тимот на Сутјеска. Неговите 26 поени во тој натпревар потсетија дека Куманово минатата сезона имаше одличен кошаркар кој доживеја тешка повреда одкако ја скрши ногата на тренинг по што следуваше и долга пауза. Врањеш во Куманово беше трет стрелец во екипата со 14 поени по натпревар.

    Вукашин Мандиќ: Во реформираниот тим минатата сезона ја презема улогата на главен поентер во тимот. Минатата сезона имаше учинок од 19 поени по натпревар и неговиот специфичен стил на игра носи и успеси и разочарувања за екипата на Куманово. Контроверзниот Мандиќ оваа сезона пружа послаби партии од 14 поени по натпревар и 6 скока, што е подобрување во овој статистички сегмент во однос на минатата сеозна.

    Оваа сезона Куманово се обиде да внесе нова крв во своите редови, доведувајки го Игор Михајловски како прв тренер на тимот. Со неговото доаѓање, пристигнаа и нови кошаркари кои покажаа карактеристичен стил на игра. Како по правило, управата на Куманово нема трпение со домашните тренери, па и Михајловски беше сменет на средината на сезоната. Костовски, Штерјов и Осман се домашните засилувања, а од странците досега играа следните играчи:

    Брајан Оливер: Американски бек-шутер кој ги освои симпатиите на кумановци уште на првиот тренинг на тимот. Неговиот одличен шут требаше да биде убиствен за многу екипи и да прави разлика. Со однесувањето надвор од теренот заработи одказ, а сега настапува во канадската Мисисага Пауер.

    Радоје Вујошевиќ: Поранешниот центар на Куманово имаше спротивни задачи во однос на своите предходници и не ги освои симпатиите на домашната публика. Негова задача беше да ги претрча противничките центри и од лесни ситуации да постигнува поени. Тој детал не беше разбран од публиката, по што по огромни притисоци беше заменет со Луковиќ. Оваа сеозна игра за Морнар, и веќе на следниот натпревар против црногорската екипа ќе го гледаме во Спортската сала.

    Георги Егоров: Вистинско изненадување беше трансферот на Егоров во тимот на Куманово. Иако тој требаше да биде играч кој со тек на времето би требало да пружа подобри игри во Куманово, тие денови не ги дочека, заминувајки од тимот на Куманово за време на зимската пауза во првенството.

    Тајлер Хајнс: Братот на многу попопуларниот Карлос Хајнс не успеја да се докаже на вистински начин. Времето поминато на паркетот носеше поцврста одбрана, но целосно беше отсутен во нападот. И тој како и Егоров заминаа на полусезона. Сега игра на РСВ Ајнтрахт во гермнаската втора лига.

    Саша Аврамовиќ: Тренерите имаат навика да кажат „школуван играч“, а тоа е дефинитивно Аврамовиќ во тимот на Куманово. Поранешен член на Мега Лекс, доста точно и прецизно ја „чита“ ситуацијата на теренот по што соодветно и реагира. Постигнува 14 поени по натпревар, а дефинитивно ќе може да каже дека е еден од милениците на публиката.

    Бранислав Ѓекиќ: Поранешниот кошаркар на Партизан е вистинско изненадување и голема енигма како таков играч доживеја толкав пад во кариерата. Ѓекиќ е единствениот странец во Куманово кој имал запазена улога во Евролигата, најсилното кошаркарско натпреварување во Европа. Полека но сигурно фаќа ритам во Куманово и неговите бројки растат од натпревар во натпревар, како и неговата минутажа на теренот.

    Владимир Филиповиќ: Лесковчанецот речиси цела кариера ја мина во македонското првенство, така да прашање е дали треба да се брои како странски кошаркар. Од Овче Поле, преку Работнички, Лирија, Кожув, Карпош Соколи сега пристигнува во Куманово каде што се издвојува со пожртвуваната одбрана. На последниот наптревар имаше и одлично напаѓачки учинок со 13 поени.

    Ова се сите кошаркари во новата историја на КК Куманово 2009. Публиката секако дека има свои фаворити и тешко е да се одреди кој е најдобриот странец кој настапувал во тимот. Од оваа сезона е донесено правилото да 6 странски кошаркари можат да играат на натпревар во домашното првенство, така да слободно можеме да очекуваме уште поголем број на странски играчи во нашиот клуб. Досега имавме 24 странци за 5 години настапување во најсилната македонска кошаркарска лига.