×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со низа проблеми Куманово ја пречекува Струмица

    12.12.2014 15:22 | KumanovoNews

    На натпреварот против Струмица ќе видиме дали Куманово ќе биде посилно од проблемите и во последниот натпревар за оваа година ќе успее да се врати на победничките патеки. Потоа следува пауза од скоро месец дена во која ќе има време целосно да се средат работите

    Со низа проблеми Куманово ја пречекува Струмица

    Кошаркарите на Куманово во напната атмосфера се подготвуваат за натпреварот против Струмица,  кој ќе се одигра утре во спортската сала во Куманово.

    Денеска се прошири информацијата дека Куманово е суспендирано од БИБЛ лигата, поради рекламни банери на паркетот, кои ќе треба да се одстранат до следниот натпревар кој ќе се игра во јануари следната година.

    По поразот од Пеќ,  работите тргнаа наопаку за нашиот прволигаш.  Прво суспензија добија Александар Костовски и Вукашин Мандиќ поради прекршување на дисциплинскиот правилник на КК Куманово и нема да настапат на натпреварот против Струмица.

     Потоа се зборуваше дека тренерот Игор Михајловски си поднел оставка, но раководството не ја прифатило, па тој ќе го предводи тимот на утрешниот натпревар. Сепак во овој краток период ќе има тешка задача да го консолидира тимот, и без Мандиќ и Костовски да се обиде да направи позитивен резултат. Утре на тест ќе бидат и останатите кошаркари, кои сигурно ќе добијат поголема шанса во која ќе мораат да докажат дека го заслужуваат дресот на Куманово.

    Исходот со Струмица е еден од најбитните за Куманово оваа сезона, и ќе даде насока по која ќе се движат работите кон крајот на сезоната. Куманово со победа ќе презими на третата позиција на табелата, а во прилог му оди што сите конкуренти на Куманово денеска играат меѓусебе (Фени Индустри - МЗТ Скопје, Карпош Соколи - Кожув). Оваа сезона се пренесуваат поените од Прва лига во Супер лига, така да Куманово има одлична основа и реални шанси да се бори за четвртото место во домашното првенство. Со пораз од Струмица, кумановчани ќе мора по потешкиот пат да ги бараат шансите за играње Плеј-оф.

    Натпреварот со Струмица започнува во 19 часот, во сабота во Спортската сала во Куманово.