Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави и Шпанците се наголемите фаворити подготвени за пласман во финалето на Светското првенство со што остварија сигурни победи во осминафиналните натпревари.
Синоќа екипата на Шпанија на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Сенегал со 89-56, додека САД славеше победа Барселона против екипата на Мексико со резултат 86-63.
Неизвесен беше дуелот против екипата на Франција и Хрватска каде последната четвртина од натпреварот одлучи и победник беше екипата на Франција со резултат 69-64.
Словенија триумфираше над Доминиканската Републикка со 71-61.
Според овие резултати досега се познати само две четврт финални двојки и тоа: САД-Словенија и Шпанија-Франција.
Денеска со почеток во 16 часот ќе се одигра дуелот помеѓу Нов Зеланд и Литванија, 18 часот Србија и Грција, во 20 часот Турција и Австралија и 22 часот Бразил и Аргентина.