×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шпанија фаворит на кумановци

    20.06.2012 09:04 | KumanovoNews

      Најважната споредна работа на светот, фудбалот, е во центарот на вниманието и повеќето граѓани. Европското првенство во фудбал, подеднакво го гледаат и мажите и жените.

    Шпанија фаворит на кумановци

    Англија, Шпанија и Германија се фаворитите на кумановци.

    Елена Крстевска, дефектолог во Економското училиште “Перо Наков“

    Често гледам фудбал и на ЕП навивам за Шпанија. Мислам дека како тим се најдобри. Татко ми и брат ми се големи љубители на овој спорт. Моментално брат ми е во Америка, ама ги следи сите натпревари. Реално мислам дека најголеми шанси за победа има Германија, иако би сакала Шпанија да биде европски првак во фудбал. Мислам дека битката ќе биде меѓу Шпанија и Германија.

    Бојан Петрушевски, координатор во Црвен Крст Куманово

    Го следам Европското првенство и имам свој фаворит. Навивам за Англија можеби затоа што го обожавам Манчестер Јунајтед, баш од таа причина. Сега за сега крајот не може да се предвиди затоа што сите екипи се на исто ниво, освен Чешка и Грција. Сите други можам да кажам дека се на едно завидно ниво. Сепак не се знае ништо, рано е да се каже.

    Стефан Маневски, секретар на ЦИД

    Да, го следам Европското првенство секако во зависност од обврските. Оваа првенство донесе многу интересни и неочекувани резултати до сега, а се надевам ќе има уште повеќе изненадувања. Според досега прикажаното фаворити се Шпанија и Германија. Јас навивав за Хрватска, а по нивното испаѓање очекувам добра игра на победникот од дуелот Чешка - Португалија посебно поради фактот што сакам неизвесни и пред се интересни натпревари.

    Бране Петрушевски, советник од ВМРО - ДПМНЕ во Советот

    Јас сум голем љубител на англиската премиер лига и голем фан на клубот Ливерпул. На ЕП навивам за Англија, а како втор омилен тим ми е Германија, посебно поради нивниот менталитет. Инаку омилен играч ми е Стивен Џерард, играч на Ливерпул и на Англиската репрезентација. Натпреварите на ЕП ги гледам скоро сите, нормално доколку ми дозволуваат обврските.

    Бранислав Јовановски, претседател на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди

    Одвреме - навреме ги гледам натпреварите. Мој фаворит е Шпанија, а претходно навивав за Хрватска, но тие испаднаа. Шпанците имаат квалитетни играчи. Воопшто се игра квалитетно и од овој момент не може да се прогнозира кој ќе победи инаку би се обложил. Расплетот допрва ќе следи. Се типуваше дека Шпанија има големи шанси за победа, но мислам дека нема да им биде лесно, ќе треба и тие многу напори да вложат.