Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Србија ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) за жени од 4 до 16 декември годинава, беше одлучено по преговорите меѓу Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометниот сојуз на Србија.
Домаќин на ова ЕП требаше да биде Холандија, која се повлече на 4 јуни, по што дури 11 земји, меѓу нив и Македонија, се пријавија за организирање на шампионатот. Натпреварите ќе се играат во Белград, Ниш, Вршац и во Нови Сад.
Местото на Холандија како несуден домаќин на ЕП ќе го пополни Исланд како најдобра третопласирана репрезентација во квалификациите. На завршниот турнир ќе играат Македонија, Србија, Германија, Унгарија, Романија, Црна Гора, Русија, Франција, Шведска, Чешка, Хрватска, Данска, Украина, Шпанија, Норвешка и Исланд.
Ждрепката за групите ќе се влече во петок на конгресот на ЕХФ во Монте Карло.