×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србија фаворит на кумaновци на ЕП во кошарка

    10.09.2015 07:12 | KumanovoNews

     На Европското првенство во кошарка кумановци навиваат за репрезентацијата на Македонија, но фаворит за освојување на титулата е екипата на нашиот северен сосед Србија

    Србија фаворит на кумaновци на ЕП во кошарка

    Првата фаза од Европското првенство е пред крај, а кумановци будно ги следат кошаркарските наптревари. Покрај тоа што навиваат за репрезентацијата на Македонија, фаворит за освојување на оваа првенство е Србија, а многумина се изненадени од игрите кои ги прикажува Италија. За прв пат во историјата, Европското првенство во кошарка ќе биде одржано во четири земји, Франција, Хрватска, Германија и Летонија.

    Еве какви  предвидувања за првенството имаат наши познати спортисти, новинари, политичари...

    Бошко Тасиќ, спортски новинар во радио Браво

    Го следам внимателно првенството, навивам за нашата репрезентација, но искрено и очекував ваков епилог пред се поради смената на кормилото и на местото на Ѓикиќ дојде Србиновски. Искрено пред првенство не се потребни такви промени и еве го резултатот на крај. Кога е во прашање целото првенство оваа е едно од најкавалитетните затоа што сите селекции дојдоа во најсилен состав поради тоа што е квалификациска година за пласман на ОИ. Немам омилен играч но затоа импресионирам засега од перформансите на Немања Бјелица кој прерарснува во голем суперстар. Прогноза моја дека Србија ќе стане Европски шампион.

    Кристијан Маневиќ, кошаркар на КК Куманово

    Навивам за Македонија, и репрезентативците се за пофалба бидејки даваат се од себе на оваа првенсто. Мој фаворит за освојување на трофејот е Србија, Бјелица и Теодосиќ играат фантастично. Меѓутоа навистина сум изненаден и ми се допаѓа играта на Италија, а Галинари и Белинели се навистина импресионирани во италијанскиот дрес и можат да направат проблем против секоја репрезентација.

    Бојан Златковски, директор на КК Пинк Пантери и поранешен кошаркар

    Првенството го следам колку што ми дозволуваат обврските. Нормално навивам за Македонија, но поради смената на генерации, далеку сме од повторување на успехот во Литванија. Србија е дефинитивно фаворит за титулата, според резултатите и имињата во репрезентацијата. Играат брза, силна, модерна кошарка. Меѓу фаворитите ми се Хрватска и Италија.

    Ивица Димитријевиќ, актер

    Кошарката ми е стара љубов, секако дека го следам првенството. Што се однесува за титулата има 3-4 екипи кои можат до највисок пласман. Тоа се Србија, Франција, Шпанија и Италија, иако Србија засега најсериозно се покажа на оваа првенсто, и доколку продолжат со ваквите игри златото е нивно. Бјелица е одличен, превзема одговорност и тоа е одлично но не смејат да се заборават останатите. Паркер, Новицки, Галинари, Спанулис се врвна класа кошаркари за кои нема простор за коментар. Изненадување на првенстовото дефинитивно е Чешка, а разочарување по мене е Русија.

    Никола Петковски, тренер во Бал Фор Лаиф

    Репрезентацијата на Србија досега највеќе покажа, а мислам дека втор фаворит на оваа првенство е Франција. Денис Шрудер е кошаркарот кој ми остави најголем впечаток бидејки покажува високо ниво на атлецизам и квалитет. Италија е репрезентацијата која може да биде изненадување на оваа првенство.

    Глигор Максимовски, фотограф во ФК Козјак

    Мој фаворит оваа првенство е Србија. Имаат комплетна и квалитетна репрезентација и мислам дека златото е нивно. Висок пласман можат да обезбедат и репрезентациите на Литванија и Грција, пред се нашиот јужен сосед бидејки има репрезентација составена од двата најголеми клуба од Атина. Тоа се кошаркари кои добро се познаваат меѓусебе и оваа сезона можат до голем успех на првенството.

    Томица Илиќ, секретар на ОК СДСМ и поранешен кошаркар

    По мене Франција е главен кандидат, бидејки завршните натпревари ќе ги играат на домашен терен и ќе ја надминат психолошката бариера дека не можат да освојат злато. Србија, Литванија и Грција се репрезентации од втор ред кои се кандидати за највисок пласман. Шпанија може да игра финале меѓутоа нема да биде шампион. Ме изненадија Исланд, Финска, Белгија за кои ние мислиме дека се слаби. Тие сеуште немаат квалитет, меѓутоа знаат да играат кошарка. Квалитетот на првенството не е на завидно ниво, меѓутоа сите репрезентации играат на голем број поени, што носи возбудувања на натпреварите. Ми пречи натурализирањето на кошаркари бидејки се губи смислата на ваквите натпреварувања. Засега имаат право на еден кошаркар, но со текот на времето сигурно тој број ќе биде зголемен.

    Владимир Јовановиќ, директор на ОУ“Карпош“ од Умин Дол

    Ги следам сите натпревари, без разлика дали игра Македонија или не. Навивам за Македонија и Србија. Македонија мислам дека има реални шанси за успех,  а Србија е меѓу 4 најдобри екипи според она што го покажа. Покрај Србија, фаворити се Франција и Шпанија.

    Окјај Јакуповски, професор по физичко воспитување

    Го следам ЕП и навивам за Македонија. Ние сме мала земја и важно е да учествуваме, не мора да победиме. Да се покажеме во најдобро светло, да се вее македонското знаме во Европа и да знаат дека постои држава Македонија. Не знам кој ќе биде фаворит, ќе видиме понатаму.

    Тајзи, пејач и поранешен кошаркар

    Чест е да се бранат боите на својата држава, се гледа желбата за успех но на ова првенство. Имаме млад состав, не треба да се критикуваат момците даваат се од себе имаме тешка група со квалилетни противници и репрезентации кои можеби ќе се борат за медал. Многу грешки во одбраната и во скок играта се чувствува отсуството на Антиќ, Гечевски, Чековски, Мекејлеб но како што кажав сега сме во период на смена на генерација и се надевам дека овие момци повторно ќе не соберат на плоштад некое наредно првенство. Јас играв заедно во младинската репрезентација со неколкумина кошаркари од овој состав и знам дека се работи за многу талентирани кошаркари.  Верувам во нив и сум со нив и кога губат, поразот е составен дел од играта. Посебно ми е драго што Костовски влегува во форма и е еден од лидерите на тимот и се надевам дека оваа сезона ќе ни ја донесе првата титула во Куманово. Во самата завршница на првенството мислам дека Србија ќе ја победи Франција во финалето.

    Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово

    Одвреме навреме ги следам натпреварите. Кошарка е спорт што ми се допаѓа затоа што резултатот е неизвесен до самиот крај. Навивам за нашите кошаркари. Екипата од пред 4 години имаше реални шанси и постигна врвни резултати. Рано е да се предвиди кој ќе влезе во финале и ќе има шанса за победа.

    фото: fiba.com