×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србија, Франција и Аргентина четвртфиналисти

    04.02.2013 11:03 | KumanovoNews

    Тениските репрезентации на Србија, Франција и на Аргентина се пласираа во четврт-финалето на Дејвис-купот во машка конкуренција откако по вториот ден од осминафиналето стекнаа недостижна предност од 3-0.

    Србија, Франција и Аргентина четвртфиналисти

    Србија ја елиминира Белгија на гости, Франција го победи Израел, а Аргентина ја елиминира Германија. Во четврт-финалето Србија ќе игра со победникот од дуелот САД - Бразил, каде што моментниот резултат беше 2-1 за САД, а Франција против Аргентина.

    Чесите Томаш Бердих и Лукас Росол ги победија Швајцарците Станислав Вавринка и Марк Кјудинели со 3-2, по сетови 6-4, 5-7, 6-4, 6-7, 24-22, во меч што траеше вкупно седум часа и една минута, и со тоа стана најдолг во историјата на Дејвис-купот. Претходно, најдолг меч во ова натпреварување одиграле Американецот Џон Мекинро и Швеѓанецот Матс Виландер (1982 г.), кој траел шест часа и 22 минути.