Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколци од Гимназијата „Гоце Делчев“ и од „Наце Буѓони“ денеска се натпреваруваа во мал фудбал.
Натпреварот го организираше хуманитарното здружение „Мајка“, за одбележување на Недела на детето која трае од 5 до 11 октомври.
Наградата е фудбал и секоја од екипите се стреми да го добие. Утре завршуваме со одбележување на Недела на детето, со главниот хепенинг кој ќе започне на Градскиот плоштад во 12 часот. Повикани се ученици и граѓани да се приклучат кон оваа манифестација - рече Лидија Илијевска, претседател на „Мајка“.
Неделата на детето утре ќе биде заокружена со музика и рецитал на Градскиот плоштад.