Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Швајцарија ќе биде третиот противник на македонската ракометна репрезентација во квалификациската група за пласман на европскиот шампионат во 2014 во Данска.
Во првата квалификациска група покрај Македонија и Швајцарија се уште и фаворитот Шпанија и Португалија.
Македонската ракометна репрезентација која продолжува со подготовките за реванш бараж дуелот против Австрија на гостински терен во кој ќе ја браниме позитивата од пет голови од Скопје, по крајот на претквалификациите го доби третиот ривал во циклусот квалификации за учество на еврошампионатот во Данска во 2014.
На завршницата од пред квалификациите во Бари во конкуренција на Италија, Грција и В.Британија селекцијата на Швајцарија ја оправда улогата на фаворит и се избори за пласман во главната фаза квалификации за еврошампионатот во 2014.
Во првата група покрај Македонија и Швајцарија се уште и селекциите на Шпанија и Португалија. На првенството во Данска ќе патуваат двете најдобри селекции од секоја од седумте квалификациски групи и најдобрата третопласирана репрезентација по крајот на квалификациите.
Црвено жолтите европските квалификации ги започнуваат на домашен терен на 31 октомври или 1 ноември токму со репрезентацијата на Швајцарија.