Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово беа убедливо поразени на натпреварот против екипата на Теодо Тиват со резултат 76-93.
Куманово успеја да биде рамноправен противник на гостите од Тиват само во првиото полувреме, во кое пред крајот Теодо поведе со еден поен предност.
Теодо ја најави одличната игра по полувреме, а одкако го превзема водството во средината на третата четвртина, целосно доминираше и достигна максимални 22 поени предност. Аврамовиќ успјеа да ја смали разликата на конечни 17 поени за Теодо.
Најефикасен поединец беше Александар Радуловиќ кој постигна 31 поен за тимот на Теодо. Марко Мијовиќ постигна 16 поени.
Во домашната екипа Урош Луковиќ постигна 22 поени и 10 скока и Саша Аврамовиќ постигна 21 поен. Тандемот Костоски-Мандиќ целосно потфрли и на овој натпревар постигнувајки седум односно четири поени.
Со овој пораз, Куманово ја дели втората позција во БИБЛ лигата со Рилски Спортист, екипа со која го играат последниот натпревар во првата фаза од БИБЛ лигата.
Следниот натпревар Куманово ќе го игра во сабота против тимот на Карпош Соколи, во рамките од Купот на Македонија. Кумановчани во овој реваш ќе треба да ги консолидираат редовите и да се обидат да победат со повеќе од седум поени, доколку сакаат да ја играат завршницата на Купот.