Теодосиќ фрли пластичнo шише кон навивачите на Панатинаикос
30.05.2011 12:53
| KumanovoNews
Кошаркарите на Олимпијакос го загубија и вториот меч во финалната серија од грчкиот шампионат, овој пат со 78:66, а тоа не му падна лесно на српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ кој фрли пластична флаша од една кон другата страна на теренот.

Сите ние знаеме колку Теодосиќ знае да биде нервозен, но овој пат ги пројде сите граници. Тоа не би смеело да се толерира - изјави Костас Царцарис кошаркарот на Панатинаикос, на кого му недостасува уште еден триумф за освојување на титулата.