Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Плејмејкерот на српската репрезентација и член на иделната петорка, Милош Теодосиќ, се наоѓа на мета на неколку НБА клуба по завршувањето на Мундобаскетот.
Светот е импресиониран од игрите кои ги пружи најдобриот плејмејкер на првенството, меѓутоа според информациите, Теодосиќ не по секоја цена сака да замине во НБА лигата.
Според ЕСПН инсајдерот Марк Стејн, Теодосиќ побарува три милиони договор, и загарантирана улога во тимот во кој ќе игра.
Стејн тврди дека Мемфис минатата година бил блиску до потписот на Теодосоиќ, меѓутоа преговорите пропаднале.
За сега не е познато кои шест клуба се заинтересирани за Милош Теодосиќ.
Србија загуби во вчерашното финале од САД со резултат 129:92