Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот српски репрезентативец Милош Теодосиќ е навистина незадоволен од целокупната игра на својата екипа за време на мечот против Бразилците на Светското првенство во Шпанија.
Екипата на Србија со овој пораз ги загуби шансите да се пласира погоре од четвртото место во групата, бидејќи денеска во последното коло се среќава со домаќинот Шпанија кој е еден од главните фаворити за титулата.
Играта во првото полувреме воопшто не му се допадна на српскиот репрезентативец Теодосиќ кој буквално полуде и ги нападна своите соиграчи на еден тајм аут.
Првиот дел од натпреварот помеѓу Србија и Бразил заврши со 16 поени плус за зелено жолтите, додека во вториот дел Србите успејаа да направат пресврт но не доволно за да ја добијат битката.