Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово доживејаа тежок пораз на гостувањето во Гевгелија. Екипата на Кожув победи со резултат 103-86.
Тимот на Куманово беше рамноправен противник во првото полувреме, која во неколку наврати имаше и минимално водство на натпреварот. Кожув успеја да го одржува водството и отиде со 9 поени предност на полувреме.
Домаќинот по паузата од полувреме успеја да направи двоцифрена разлика која ја чуваше се до почетокот на последниот период. Куманово даде знаци на живот и се обиде да го врати натпреварот во своја корист но Кожув брзо реагираше и забележа убедлива победа од 17 поени разлика.
Поранешниот играч на Куманово, Милан Јањушевиќ постигна 21 поен за победата на Кожув, а Брчков и Сепа постигнаа 19 поени.
Александар Костовски постигна 27 поени за Куманово, а и на овој натпревар не настапи Урош Луковиќ.
Со овој пораз, Куманово ја завзема четвртата позција на табелата.
Следниот натпревар од домашното првенство, Куманово го игра на домашен терен против Карпош Соколи.