Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тренерот на КК Куманово Страшо Тодоровиќ денеска ќе ја прими наградата за најдобар тренер, која ја доделува Македонската кошаркарска федерација заедно со Агенцијата за млади и спорт.
Не се надевав на оваа награда. Тоа е едно големо признание и огромен поттик за мене во натамошната работа. Сакам да се заблагодарам на управата на КК Куманово која минатата година ми даде овластување да бидам шеф на стручниот штаб и благодарност до играчите кои беа дел од Куманово под мое водство. Заедно со нив го направивме овој успех и влеговме во финалето на домашното првенство - изјави Страшо Тодоровиќ, тренер на КК Куманово.
Тој додаде дека неговата кариера е вржана за Куманово и многу би му значело доколку заедно со играчите и навивачите освои титула со Куманово.
Јас сум Кумановец, мојата кариера е вржана за Куманово. Немам амбиции за трансфер во друг клуб, мојата единствена цел е освојување на титула со КК Куманово. Тоа би било и врв во мојата кошаркарска кариера - заклучи Тодоровиќ.