Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедскиот клуб “Вело-М” убедливо е најуспешен клуб на Државното првенство на Македонија во хронометар што се одржа вчера на патеката кај Стоби.
Во сениорска категорија второто место го освои Зоран Ристовски, третото Стефан Петровски, четвртото Ивица Давидовски, а петото Бобан Андевски.
Државен првак во хронометар за 2012 во јуниорска категорија е Никола Ѓукиќ.
Струмичанецот што настапува за “Вело–М”, Дејан Џингарски, е новиот Државен првак во хронометар во мастерс категоријата.
Со ова успешно издание и освоените бодови, “Вело - М” на 6 трки до крајот, го задржува првото место во екипна конкуренција во Македонија за 2012 година.