Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во соработка со Македонската федерација за Бразилска Џиу-џица и The strongest and Roots BJJ Macedonia, на 12.октомври ќе биде одржан нов семинар по бразилска џиу-џица во Куманово.
Настанот е во организација на The strongest and roots BJJ Куманово, и ова е трет семинар кој се организира во Куманово.
Ова е втор семинар во наша организација оваа година во Куманово. Се надевам дека овој млад спорт ќе побуди поголем интерес кај граѓаните на нашиот град, па ги повикувам сите љубители на боречките вештини да ни се обратат во нашиот клуб, и да не посетат на 12.октомври - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот од Куманово.
Кумановскиот клуб на последното интернационално првенство настапи со 3 преставника, од кои 2 освоија медали. Тоа ја потврдува успешноста на овој клуб.
Семинарот ќе се одржи во просториите на Ронин Доџо(Стара црква, во близина на центар за странски јазици „ИКЛ“) и ќе започне во 11 часот а цена на учество е 300 денари за членовите на The strongest and roots, и 400 денари за надворешни учесници.
Информации може да добиете на телефон 077/705-039