×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трета победа за ракометарките, МКК Куманово со пораз го почна првенството

    08.10.2024 09:49 | Оливера Пешевска

    Ракометарките повторно постигнаа победа викендов и одличен резултат, додека на нивните колеги ниту поддршката на публиката во Куманово не им помогна да го избегнат петиот пораз од почетокот на шампионатот.

    Трета победа за ракометарките, МКК Куманово со пораз го почна првенството Фото: Screenshot - Youtube

    Фудбалерите на „Башкими 1947“ одиграа одлично и се зацврстија на третото место на табелата по победата над прилепчани од 3-1. На дебитантскиот натпревар тимот на МКК Куманово загуби од ТФТ Скопје, но се до последната четвртина играа равноправно. Екипата на ГФК Куманово играше нерешено против ФК Башкими Љуботен.

    Апсолутен лидер на табелата во Супер женската ракометна лига, група Б е кумановскиот тим кој по три одиграни натпревари има исто толку победи. Со 41 позитивна гол разлика и 6 бода ЖРК Куманово досега рутински стигнува до триумф, а според резултатите од почетокот на сезоната се чини дека и годинава ракометарките на локалниот клуб ќе котираат високо во сезоната 2024/2025. На последниот натпревар против тимот на Гевгелија без проблеми постигнаа 37 гола, наспроти 20 на домашната екипа.

    Машкиот ракометен клуб Куманово во саботниот натпревар на домашен терен изгуби од екипата на Еурофрам Пелистер со двоцифрена разлика, конечниот резултат беше 35-23. По 6 одиграни кола во Супер лигата се наоѓа на втората половина на табелата, поточно на седмото место. Две победи и четири порази, се билансот со кој за сега има само 4 бода. Се чини дека и ова сезона ќе се борат за опстанок во лигата во плејаут фазата напролет.

    На дебитантскиот натпревар Младинскиот кошаркарски клуб Куманово изгуби на натпреварот против екипата на ТФТ Скопје, но разликата од 11 поени не ја отсликува реалната слика од натпреварот. Во првото полувреме домаќините само накратко имаа предност пред МКК Куманово, за да во втората половина од натпреварот започне да се „крши“ резултатот во корист на домаќините. На почетокот на последната четвртина кумановци повторно имаа предност, но домаќините направија пресврт до конечниот резултат од 81-70. Хендикеп на МКК Куманово беше тоа што на натпреварот не настапија засилувањата Луковиќ и Радукиќ, затоа што се уште немаат обезбедени потребните дозволи за регистрација.

    Женскиот кошаркарски тим Куманово Гризли треба својот прв натпревар да го игра во сабота, на 12 октомври.

    Екипата на ФК „Башкими 1947“ оствари победа од 3- 1 на неутрален терен против екипата на „Победа“ од Прилеп. Голови за домашниот тим постигнаа Меметриза Ханза, Хусеин Демири и Саити Хебиб. Второлигашот од Куманово е третопласиран на табелата со 5 победи, едно реми и еден изгубен натпревар во досегашниот тек на првенството. Имаат ист број на поени од вторпласираната Македонија Ѓорче Петров, но и послаба гол разлика.

    Фудбалерите на ГФК Куманово играа нерешено на теренот на ФК Башкими Љуботен, 1-1. Во првиот дел од натпреварот имаа тотална контрола и доминација на теренот, но без постигнат погодок. Во второто полувреме првин примија гол, за да во 80-тата минута го изедначат резултатот. Следниот натпревар го играат во недела, против сограѓаните ФК Пчиња.