Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на гимнастичкиот клуб „Атлета“ од Куманово освоиjа три брознени медали на Државното првенство во Битола во поединечна конкуренција.
На првенството учествуваа 19 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 10 во женска конкуренција. Во силна конкуренција на преку 150 натпреварувачи од целата држава, кумановските гимнастичари освоија одлични резултати.
„Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција. Во машки "А" програма до 9 години, Милош Јовановиќ освои трето место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3 место“, изјави тренерот Филип Миленковски.
„Во женската "А" програма Вања Денковска освои 3 место во категорија јуниорки во поединечна конкуренција. Во екипна конкуренција, освоивме прво место во категорија јуниорки и трето место во категорија помлади пионерки“, изјави тренерот Никола Златановски.
Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.
„Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари, кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Гимнастички клуб „Атлета“ полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата, додава Миленковски.
После 26 години гимнастичарите покажуваат извонредни резулти и Куманово се враќа на местото што му припаѓа.