Триумфален викенд на женскиот ракомет
29.10.2014 10:54
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово имаа успешни настапи изминатиот викенд, одкако сениорската и пионерската екипа успејаа да забележат победи на двете гостувања.

Сениорскиот тим на ЖРК Куманово извојуваше победа портив екипата на Универс од Гостивар со резултат 26:32.
Пионерчињата на Куманово беа подобри од скопски Вардар, па во салата Кале беа поуспешни од домаќинот со резултат 14:15.