Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод селската слава Спасовден, утре во 10 часот во село Пчиња, ќе се оддржи турнир во мал фудбал. Како за велигденскиот, така и за овој турнир екипите можат да се пријавуваат на социјалните мрежи на страната на село Пчиња.
Досега се пријавиле десет екипи и тоа од селата Романовце, Орашац, Клечовце, Вакав, Студена Бара и од населбите Ајдучка Чешма, Карпош и Пуковско. До 19 часот денеска може заинтересираните да се пријавуваат за турнирот. Во 20 часот ќе се одредат паровите која екипа со кого ќе се натпреварува. За најдобриот тим во мал фудбал ќе има парична награда која ќе изнесува околу 6000 денари.