×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убедлива победа и загарантирано 5.место на ракометарките

    10.05.2012 18:38 | KumanovoNews

    Денес ракометарките на Куманово беа убедливо подобри од екипата на Металург од Скопје и победија со резултат 30:24.

    Убедлива победа и загарантирано 5.место на ракометарките

    Уште од првите минути од натпреварот беше јасно дека домаќинот ќе издвојува победа, беа по спремни од гостинот и со право застануваат на 5-тото место на листата на плеј-оф натпреварите.

    На полувреме резултатот беше 17:12.

    И покрај притисокот од клупата на Металург врз судиите и многу досудени пенали за гостинската екипа, сепак покажавме дека Куманово има квалитет, со што нашите ракометарки останаа смирени до крајот на натпреварот.

    Да игравме вака, како што игравме денес со срцето на терен и на претходните натпревари сигурно ќе бевме повисоко рангирани на табелата - изјавија од клубот.

    Поради големата разлика која ја остварија домашните ракометарки, остатокот од натпреварот го одигра втората постава на екипата, која исто така беше многу подобра од гостинот.

    Следниот, а воедно и последен натпревар од колото го играат на гостински терен против екипата на Жито Прилеп. 

    Сега Куманово е сигурно на 5.место на табелата, но против екипата на Прилеп мораме да издвоиме победа или нерешен резултат за да излеземе на европски терен - рече Габриела Трајковска, капитен на екипата.