Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ минатата недела во Струга земаа неколку награди на 23-та по ред Домијада, во конкуренција на учесници од сите ученички домови од земјава.
Освоија први места во пинг-понг машка и женска конкуренција, второ место шах машки и трето место шах женски.
Оваа година ни е најуспешна. Првата година кога дојдов на работа почнавме со еден пехар, а лани 3, сега 4 и се надеваме дека наредната година ќе ја освоиме целокупната Домијада - рече воспитувачот Дејан Ивановски.
Учениците се задоволни што и покрај силната конкуренција, остварија забележителни резултати.
Учествував во фудбал и во шах. Во фудбал не освоивме ништо, имаше многу силна конкуренција. Во шах освоивме второ место бидејќи бевме прилично добри и се покажа успехот од наша страна. И лани учествував, тогаш освоивме трето место и догодина се надевам дека ќе се подобриме и ќе освоиме прво место - кажа Стефан Ангеловски, ученик.
Пингпонгарот Бојан Спасовски вели дека покрај учење, слободното време го поминува и во вежбање пинг-понг, што резултираше со награди во Струга.