Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „Светозар Марковиќ„ од Старо Нагоричане, денеска се одржа шаховски турнир под мотото „Три-четири- позор-шах„.
Учество зедоа педесетина ученици од 6-то до 9-то одделение, од трите основни училишта во општината.
Целта на натпреварот беше учениците да ги совладаат основните шаховски принципи, правила на игра преку кои ќе бидат усовршени нивните работни навики, издржливост и логичко размислување. По завршувањето на натпреварувањето на најуспешните ученици им беа доделени дипломи и пригодни подароци. Се надеваме дека овој турнир во иднина ќе прерасне во традиција, вели директорката Даниела Станковска.
Покрај наставниците и учениците од трите училишта, присутен беше и претставник од Шаховската федерација на Р. Македонија, Зоран Илиќ.